Животна училница // Приказни
ОПУШТЕНА СРЕДБА НА НЕКОГАШНОТО ДУО АНДРИЈАНА АЛАЧКИ И ИРЕНА СПАСОВСКА: Не сме скарани како што мислат
Адријана Алачки, и Ирена Спасовска како вокали и Горан Алачки на хармоника, но и како композитор на повеќето нивни песни беа составен од дел од речиси сите фестивали и манифестации на крајот од осумдесетите и почетокот од деведесеттите години. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов. Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација. Дваесет и четири години откако веќе не настапуваат заедно, двете дами велат дека се уште го одржуваат пријателството. Адријана и Ирена се дружеа во еден домашен спа центар и евоцираа спомени од старите времиња.
[caption id="attachment_13658" align="aligncenter" width="640"]
Бизнисот ни е во различни насоки, но нашето пријателство се уште егзистира.- Ирена и Адријана евоцираа спомени од минатото[/caption]
„Наспроти мислењето дека не сме во контакт, ние и по повеќе од 20 години ја одржуваме комуникацијата. Бизнисот ни е во различни насоки, но нашето пријателство се уште егзистира“, ни изјави Алачки, која е претседател на „Гастромак“, националната асоцијација на готвачи. Лани во Струмица, тие го организира вториот интернационален гастрономски
Беа интересна појава на домашната фолк-сцена од 1987 година до 1994 колку што работеа заедно[/caption]
„Имам нови песни и работам со полна пареа. Патувам низ Европа. Изминатиов период гостував во Германија, Холандија, Данска, а секако и тука кај нас. Во план ми е и да снимам нов спот во март. И покрај обврските сепак наоѓам време и за малку релаксација, на која еве и ние случајно се најдовме, и убаво се наприкажавме и се потсетивме на старите добри времиња“, изјави Ирена Спасовска.
За Женски Магазин, Милица Џаровска