Настани,
Настани
ПЕЛИСТЕРКА ГО ПРОМОВИРАШЕ КАЛЕНДАРОТ ЗА 2018 ГОДИНА: Ако не знаете што да облечете-соблечете се
Со провокативни фотографии, овој пат со спортски имиџ, кои се заштитен знак на сите досегашни осум претходни години, компанијата ги прикажува: Берна Шерифовска –
Секоја во својата дисциплина, девојките досега се натпреварувале на европски и светски првенства, а дел од нив стасале и до Олимпијади. Дел од нив се вбројуваат помеѓу првите три во спортот на светско ниво.
[caption id="attachment_9372" align="aligncenter" width="4583"]
Од подготовките за календарот[/caption]
„Ако не знаете што да облечете, соблечете се“, рече низ насмевка водителот на промоцијата Златко Андоновски претставувајќи ги девојките. „Беше октомври, веќе почна да заладува кога го работевме календарот и не ни беше лесно да се сликаме без многу облека на нас. Но, екипата најпрофесионално го одработи своето“, ни изјави Едина Муса, кошаркарка која тренира и боди фитнес.
[caption id="attachment_9371" align="aligncenter" width="2880"]
Од подготовките за календарот[/caption]
„Идејата на календарот годинава е да покажеме дека имаме македонски жени спортистки коишто се силни, истрајни, храбри, убави и најдобри во тоа што го прават. Затоа и мотото годинава е „Пелистерка, вода за најдобри!“.
[caption id="attachment_9373" align="aligncenter" width="4473"]
Од подготовките за календарот[/caption]
Ги одбравме, според нас, најдобрите во својата област. Овие 12 девојки се синоним за сила за моќ за успеси“, изјави Тања Панделеска, маркетинг директорка на компанијата. Фотографијата е на Ани и Дими, стајлингот на Јована Зука, девојкиите ги разубави шминката на Зоран Шурбевски, а графички дизајнер е Анита Гај. Проект менаџер е Света Богова - Јовановска.
За Женски Магазин, Милица Џаровска