Животна училница // Приказни
Утринско кафе со La Martina Monroe: Ме мотивира музиката
Ме мотивира музиката. Сакам музика да слушам додека работам. Така да најверојатно музиката ме инспирира и мотивира во последна време. Без исклучок на тековните модни случувања кои секојдневно ги пратам. Ме демотивира најчесто некоја лоша вест, знае да ми ја намали креативноста. Но, тоа е доста ретко и кратко. Јас уживам во работата, ме смирува.
Денот ми се сведува на работа, а ноќта за дружба со блиските.
Јас сум голем љубител сум на филмови. Не дека не давам шанса на добра книга, но книгите знаат да ме заспијат, а филмовите секогаш до крај ги догледувам.
Денот претендирам да го завршам со чаша розе вино или мартини, во друштво на сестра ми или другарките. Прво нешто што правам пред спиење, е да ја извадам шминката од лицето, и сите последователни ритуали за хигиена. На крај не легнувам без крем на лицето. Последниве две години тоа се два серуми на Estee Lauder - „