Здравје // Рецепти
                    
                    
                
                
                (ФОТО РЕЦЕПТ) Вкусни крофни-куглици кои ќе сакате веднаш да ги направите
                    
Состојки:
- 250 гр брашно
- Едно јајце
- 200ml јогурт
- 3 лажички шеќер
- 2 лажички ракија
- 1 лажичка рум
- Две мали лажички прашок за пециво
- 1л од сончогледово масло (или друго растително масло за пржење)
- малку сол
Подготовка:
-Измешајте го брашното и пецивото во еден сад.
-Во друг измешајте ги јајцата, шеќерот и солта, па после тоа румот и ракијата и на крај јогуртот. Кога сите состојки се соединат, додајте им ја смесата од првата чинија. Во смесата можете да додадете зачини како цимет, но и додатоци како чоколадни мрвки или суво грозје.
-Во подлабок сад (или уште подобро фритеза) ставете масло така што кога ќе ги ставате топчињата да не го допираат дното на садот. Загрејте го на средна температура-никако на превисока бидејќи нема да испаднат убаво.
-Со мала лажичка земајте од смесата така да формирате куглици, а потоа ставајте ги во загреаното масло. Пржете ги додека не поруменеат од двете страни. За сервирање се подготвени веднаш по пржењето.