„Шест дена поминав на респиратор, ме спаси, но мојот живот повеќе не е ист“

Добивај вести на Viber

Пациентот Дејвид Лат го откри своето искуство од борбата со коронавирусот

Респираторот стана неизоставна медицинска опрена во сите држави кои се борат против коронавирусот. Па така овој апарат, кој механички им помага на пациентите да дишат, постигна светска слава за време на пандемијата на вирусот Ковид - 19. Многу пациенти со тешка клиничка слика имаат тешки воспаленија на белите дробиви и нивниот живот зависи од респираторите, пренесува Вашингтон пост.

Пациентот Дејвид Лат бил во критична состојба, а сето време се лекувал на одделението за интензивна нега во една њујоршка болница. Поминал шест дена на респиратор и без овој апарат денес не би бил жив. Тој во разговор со странските медиуми ги откри деталите на својата болест, како и процесот на опоравување.

Како што раскажува, на 16 март бил сместен во болница, кога лекарите му потврдиле дека е заразен од корона. Претходно имал симптоми како од настинка, грозница, болки во телото и умор. Меѓутоа, Дејвид како дете поледувал од астма, па сега имал отежнато дишење.

Неколку дена поминал во болница, состојбата му била стабилна и примал дополнителна количина на медицински кислород. Меѓутоа, на 20 март здравјето нагло му се злошило, а лекарите имале две опции - да го интубираат или да го стават на респиратори.

„Следните шест дена воглавно спиев, под седативи, респиратор ми служеше како бели дробови. Не се сеќавам на ништо од овој период. На крајот моите лекари се соочија со изброот: да ми го тргнат респираторот и да видат дали можам самостојно да дишам или да ми направат трахеотомија. По спроведувањето на тестовите за проценка на мојата способност за дишење, лекарите одлучија да ми го тргнат респираторот, а со помош на дополнителен кислород можев повторно самостојно да дишам“  - раскажа Дејвид.

Целиот текст, за промената на Дејвид по вирусот и неговата порака до сите, прочитајте го на Машки магазин.