12 години подоцна: Што прават и како изгледаат убавиците од познатата турска серија Притаени страсти (ФОТО)

Една од најгледаните турски серии во нашата земја
Серијата „Притаени страсти“ е една од првите и најгледаните турски серии што се емитуваа во нашата земја. Премиерно беше прикажана во Турција во 2008 година.
Интригите, лагите, измамите, невините, недостижни и забранети љубови ја прославија оваа серија, базирана на истоимениот роман, што направи пресвртница во конзервативната турска литература во 20 век, и целосно да ја освои публиката во многу земји во светот. Таа е една од најгледаните серии во историјата на турската телевизија.
Каде се и што прават познатите убавици од Притаени страсти (Забрането овошје) денес?
Бихтер Зијагил (Берен Сат)
Фаталната бринета што ја прослави оваа серија има многу успешна актерска кариера и е една од најбараните и најплатените актерки во Турција. Денес има 36 години и веќе шест години е во брак со турската музичка sвезда Кенан Догулу и има две ќерки од претходниот брак. Иако поминаа 12 години од снимањето на серијата, Берен сепак е подеднакво убава.
Нихал Зијагил (Хазал Каја)
На 18 години Хазал доби улога во оваа серија како подарок од богати родители за нејзиното полнолетство. Иако порано немаше актерски успех, оваа улога ја направи многу барана актерка во Турција. Поради својата исклучителна убавина таа го доби прекарот Турска Салма Хајек. По Притаени страсти, Хазал беше проследена со успешни денови во светот на актерството и бројни понуди за главни улоги. Минатата година се омажи за 14-години постариот телевизиски продуцент Али Атај, со кого има дете. Инаку таа има 30 години.
Фирдевс Јореоглу (Небахат Чере)
Како за време на емитувањето на серијата, кога таа имаше 64 години, така и денес изгледа едноставно неверојатно, Небахат Чере има 76 години. Славната Чере се уште е активна и постојано игра во телевизиски серии, а нејзината животна приказна е неверојатна, таа од порно актерка станала најбараната sвезда.
Пејкер Онал (Нур Фетахоглу)
Друга актерка што оваа серија ја прослави и ја направи една од најпопуларните. Нур е на врвот на својата кариера, е многу барана, а играше големи улоги во најгледаните турски серии и филмови. Добитник е на бројни награди за глума. Таа се разведуваше двапати и има едно дете кое го одгледува како самохрана мајка. Таа има 39 години.
извор:stil.kurir.rs