2025 - годината кога првиот ланец од оковите кои ми тежеа го пресеков и се ослободив: Ивона Јо со фотки покажа како изгледа 1 месец по операцијата

Добивај вести на Viber

Пејачката Ивона Јо периодов е повлечена од пеење, но интензивно работи на себе.

Пред еден месец пејачката придружувана од нејзината најблиска и најдобра пријателка Тамара и нејзината мајка отиде во Турција. Таму ѝ беше направена операција за отстранување на вишокот кожа од нејзиното тело. Кожа која се појавила кај неа по драстичното слабеење и откако започнала интензивно да вежба со личен тренет.

Тогаш таа гордо и со бура од емоции напиша и јавно откри дека ѝ биле отстранети дури 6 килограми кожа. А вчера повторно преку нејзините социјални мрежи гордо покажа во јавноста како изгледа нејзиното тело еден месец по операцијата.

„2025. Годината кога првиот ланец од оковите кои ми тежеа го пресеков и се ослободив.
До жената која бев - Те сакам.

До жената која сум - Горда сум на тебе.

До жената која ќе бидат - Возбудена сум за тебе“

Оваа девојка многупати покажа дека е многу силна и решителна. Нејзиниот пат започна пред неколку години, и до ден денес не се откажала и гордо и храбро чекори кон него. Секоја чест за неа!


Р.Ж.М.

Фото: инстаграм/ Женски магазин - архива