Актуелно // Insta вести
Светлана Црнокрак во топ форма: Легендарната манекенка блеска на јахта во завидна летна атмосфера
- 08 Август, 2025 13:33
Секое нејзино појавување предизвикува внимание, а кога е на море – ефектот е двојно појак. Светлана Црнокрак, поранешна манекенка и модна икона, покажа дека годините за неа се само бројка.

Со неколку гламурозни фотографии од летниот одмор, Светлана блеска во костим за капење во нијанси на крем и виолетова боја, комбинирани со бела кошула и шик очила за сонце. Под фотографиите напиша „Enjoy the sunset“ – и навистина изгледа како жена која го живее секој момент со полни гради.

Ќе се сложиме – нејзината појава на јахта, со чаша освежителен пијалок во рака, е синоним за летна елеганција. И сето тоа во стил кој само таа знае да го износи.



ФОТО: Инстаграм принтскрин