300 маски од Битолскиот Театар за битолската болница

По повод 7 април, светскиот ден на здравјето, чие мото годинава е „Поддршка на медицинските сестри и акушерки“, Народниот театар од Битола со една хумана акција.
Имено шивачите од оваа институција, неколку дена изработуваа заштитни маски кои денес ќе бидат подарени на Клиничката болница ,,Др.Трифун Пановски''.
300 маски беа изработени од вредните раце на шивачите а во официјалното вчерашно соопштение на Театарот се вели:
„ Почитувани деновиве поминуваме низ еден тежок период, кој се надеваме за брзо време ќе го оставиме зад нас. Денес седми април е денот на здравствените работници, за сето она што го прават за нас во овие тешки денови а воедно и како честитка за денешниот ден НТБ утре на Клиничката болница ,,Др.Трифун Пановски'' од Битола ќе и подари заштитни маски направени од вредните рацете на нашите шивачи кои неколку дена работеа за истите да стигнат онаму каде што се најпотребни. Нека е честит денот на белите мантили и продолжете да се грижите за нас, а ние за вас остануваме дома онолку колку што ќе биде потребно“.
Н. Маретиќ