40 години нанесувала крема за сончање на лицето, но не и на вратот: Погледнете го повеќедецениското влијание на сонцето

92-годишна жена користела крема за сончање на лицето, но не и на вратот повеќе од 40 години. Оштетувањето од сонцето може да се види на една впечатлива фотографија
Повеќе од четириесет години 92-годишна жена користела крема за сончање, но само на лицето, не и на вратот. Оштетувањето од сонцето може да се види на една впечатлива фотографија.
Дерматологот кој ја објави оваа фотографија на „Твитер“ покажа слика на која јасно се гледа лицето на старицата и како изгледа кожата на местата каде користела производи за сончање. Помалку збрчкана кожа од оштетениот и збрчкан врат е јасно видлива.
Cheek and neck of a 92-year-old female, who used UV-protective moisturizers on her face but not on the neck for 40+ years.https://t.co/Q8wWxY2tDE pic.twitter.com/FBSswmYxt1
— Avi Bitterman, MD (@AviBittMD) September 2, 2022
Фотографијата првично беше објавена во списанието на Европската академија за дерматологија и венерологија во октомври 2021 година како дел од извештајот за ракот на кожата и стареењето како пример за ефектите од заштитата од сонце.
УВ светлината, невидливата форма на зрачење од сонцето или вештачките извори како солариум, може да ги оштетат клетките на кожата и да предизвикаат неповратна промена на бојата и брчки на кожата. Изложеноста на УВ е исто така најчеста причина за рак на кожата и секој може да го добие.
За да се избегне оштетување од сонце, сите – освен бебињата помлади од шест месеци – треба да нанесат крема за сончање со заштитен фактор 15 или повисоко на сите изложени делови од телото пред да излезат надвор ако УВ индексот е три или поголем од три. Колку е поголем факторот на кремата што се нанесува, толку е подобра заштитата од УВ зраците.
УВ зрачењето е присутно дури и во текот на зимата и кога е облачно, само во помали количини, така што луѓето треба да носат заштита во текот на целата година, дури и кога е облачно. Поминувањето време во сенка, носењето очила за сонце и капи и изборот на облека што ја покрива кожата помагаат и во заштитата од УВ зраците.
Фото: Твитер Screenshot