Предрасуди за летување во Хрватска: Еве во што е поевтина во споредба со Грција и Црна Гора

Добивај вести на Viber

Хрватската обала останува една од најубавите дестинации за летен одмор во Европа, но сè повеќе туристи се жалат дека станува и една од најскапите. 

Една туристка од Србија, на пример, платила вечера над 200 евра, а некои кафулиња наплаќаат дури 12 евра за ледена кафа. Британска туристка платила 500 евра за три ноќевања во соба без прозорец во Дубровник.

Во маркетите, цените се исто така високи – крема за сончање 33 евра, Red Bull 3,42 евра, литар газиран пијалак 2,25 евра. Рибата во рестораните достигнува 70 евра по килограм, а рибната плата околу 65 евра.

Сепак, има и поповолни примери. Србинка која летува во Каштела тврди дека во одредени места е можно да се најде кафе за 1,70 евра, пица за 12–15 евра, а цела вечера за шестмина платила 124 евра.

Во споредба, Грција и Црна Гора нудат пониски цени – цел оброк со пијалок во Грција може да се добие за 6–7 евра, а сместувањето чини 40–70 евра по ноќ.

Хрватските власти и економисти предупредуваат дека високите цени го намалуваат бројот на туристи и потрошувачката. Експертите повикуваат на ревизија на ценовната политика пред туризмот да стане жртва на сопствената алчност.

Извор: eupravozato / EPA / Freepik