Денес треба да се почитува само ЕДЕН СТРОГ ОБИЧАЈ! Голем празник е, а старо ВЕРУВАЊЕ ги обврзува верниците да го направат ОВА

Добивај вести на Viber

Православната црква и нејзините верници денес го одбележуваат празникот на Светите 45 маченици од Никопол.

Во времето на свирепиот цар Ликиниј, кој владеел со источниот дел од Византиското царство, започнало големо гонење на христијаните.

Во ерменскиот град Никопол, свети Леонтиј со уште неколку свои пријатели му се јавил на царскиот намесник Лисиј и му рекол дека се христијани.

„А каде е вашиот Христос?“, прашал Лисиј. „Зарем не беше распнат и не умре?“ На тоа свети Леонтиј му одговорил: „Ако знаеш дека нашиот Христос умре, знај и дека воскресна од мртвите и се вознесе на небото.“

По долга расправија за верата, Лисиј ги претепал и ги фрлил во затвор, каде што не им дозволувале ниту храна ниту вода. Една благородна христијанка по име Власијана им носела вода и им ја подавала низ прозорецот од затворот.

Ангел Божји им се јавил за да ги утеши и охрабри. На судењето, Лисиј дознал дека и двајца стражари се обратиле во христијанство, заедно со уште многу други — вкупно 45 лица.

Судијата ги осудил сите на смрт: прво им биле отсечени рацете и нозете, а потоа биле фрлени во оган.

Таа страшна казна била извршена, а душите на светите маченици отишле кај Господ во вечен живот. Чесно пострадале и го наследиле царството небесно во 319 година.

На денешен ден, потсетете се на нивниот живот и вера. Посетете црква и помолете се на Христос Бог.