5 пати беше во брак, роди 9 деца, а на крајот остана сама: Неверојатниот живот на познатата авторка Даниела Стил
Иако некои луѓе романите ѝ ги нарекуваат глупости, досега се продадени повеќе од 500 милиони книги на Даниела низ целиот свет...
Поседувајќи посебна магија на пишување, најпопуларната американска писателка, по петте бракови и понатаму очекува среќна љубов и вели дека е важно да се верува во среќниот крај!
Даниела Стил е родена на 14 август 1947 година во Њујорк. Студирала на Универзитетот во Њујорк и во Европа. На 12 години го завршила својот прв роман, кој го оставила необјавен до 1973 година.
Потоа започнува постојаниот пораст на нејзината популарност и темпото на пишување, што понекогаш достигнуваше четири романи годишно.

Таа неодамна ја објави 164-тата книга, не откажувајќи се од пишување на нејзината машина за пишување од 1946 година. Од почетокот на 80-тите не се симнува од листата на бестселери на „Њујорк тајмс“, а во 1989 година стигна до Гинисовата книга на рекорди, бидејќи нејзините книги беа постојано на списокот дури 381 недели.
Уште од рана возраст, таа покажувала афинитет кон поезијата. Често, по читањето на нејзините домашни задачи, целото одделение знаело да заплаче. Денес, романите на Даниела Стил се претставници на најдобрата форма на љубовен роман. Досега има продадено повеќе од 650 милиони примероци романи преведени на 43 јазици. Покрај љубовните романи, пишува и литература и поезија за деца.
Кралицата на љубовните романи е книжевен феномен чии дела никогаш не престануваат да интригираат бројни читатели ширум светот. Со своите романи, одговара на предизвикот на современата и пред сè динамична литература. Во нив се испреплетуваат љубовта и страста, пријателството и омразата, сето тоа раскажано на интересен и непосреден начин.
Семејството, децата и младите луѓе се во фокусот на нејзиниот интерес, што може да се види во нејзините романи. Таа се занимава со теми од вистинскиот живот, што ги прави нејзините книги универзални. Фасцинирана од клучните животни ситуации, начинот на кој луѓето се справуваат со овие проблеми и како овие настани на крајот влијаат врз нив. Даниела Стил внесува топлина и нежност во нејзините дела, без разлика дали се наменети за возрасни или деца.

Врз основа на голем број нејзини романи се снимени и филмови, од кои два некогаш беа номинирани за Златен глобус, а во 2002 година, француската влада ѝ додели Орден за витез на уметноста и литературата.
За разлика од среќните љубови во нејзините романи, Даниела за сите петмина сметала дека се мажите на нејзиниот живот, но сепак се излажала.
На осумнаесетгодишна возраст, таа го склучила првиот брак со Клод-Ерик Лазар, со кого добила ќерка. По крајот на овој брак, следувал нов краткотраен брак со Дени Сигелдер.
Со својот трет сопруг, Вилијам Тот, зависник од хероин, го добила синот Николас, кој во 1997 година си го одзел животот по тешката медицинска дијагноза.
Бракот со Џон Трејн бил најплоден. Тие имаат пет деца, но сепак не останале заедно.
Последниот и подеднакво неуспешен обид за брак ѝ бил со Том Перкинс.
Денес, со девет деца од петте бракови, таа поминува неколку месеци годишно во својот дом во Франција. Ретко дава интервјуа и ретко се појавува во јавноста, а во меѓувреме стана членка на Скиентолошката црква.

Покрај литературата, таа се занимава и со други активности: основала и сè уште води две фондации - едната се занимава со лекување на ментални заболувања кај децата, додека другата им помага на бездомниците.
Во последниве години, водеше галерија во Сан Франциско, обидувајќи се да открие и поддржи нови уметници.
Слоганот за парфемот што го носи нејзиното име ја содржи и најважната карактеристика на нејзината литература: „Верувај во среќен крај“.
Поголемиот дел од годината ја поминува во домот во Сан Франциско, живеејќи слободен живот и како и нејзините ликови од романите, надевајќи се на среќна љубов.
фото: Profimedia / Lou Rocco/Getty Images