А СЕГА Е ВРЕМЕ ЗА К15, СЕКОЈ ДЕН ГЛЕДАЈТЕ ГИ СМЕТКИТЕ – треба да ви легнат 200 евра, ќе се „омрси“ и државната управа

Добивај вести на Viber

Како одминува декември, работниот народ се повеќе се прашува кога ќе биде „судниот ден“ за да му се збогати контото со некој денар плус, или што ќе рече К15. А со оглед што оваа година таа сума ќе изнесува 12.500 денари или точно околу 200 евра, може да се заклучи дека очекуваниот прилив па и не е така лош.

Некои вработени, пак, веќе го добија регресот од своите работодавачи, но тие се во многу помал број, а најзначајните исплати се очекуваат во деновите пред нас.

Како што објаснува за Фактор Јован Јованоски, помошник раководител на Секторот за инспекциски надзор во Државниот инспекторат за труд, исплатата на регресот за годишен одмор е дефинирана со Законот за работните односи и доуредена со Колективниот договор. За приватниот сектор е предвидена задолжителна исплата на К15 согласно општиот колективен договор од областа на стопанството.

Регресот треба да се исплати најдоцна до 31.12 во тековната година. Треба да го исплати секој работодавач кај кого работникот работел во тековната година најмалку шест месеци, односно во таа фирма имал непрекинат работен однос од шестмесечен временски период. Тоа значи дека дури и во меѓувреме некој работник да си заминал од одредена компанија, доколку таму работел непрекинато половина година, работодавачот има обврска да му исплати К15 за таа година во законски предвидениот рок. За износот на К-15 прочитајте на Фактор.мк


Фото: unsplash