Предмети без кои било незамисливо секојдневието во Југославија: Ќе ви разбудат носталгиja

Секојдневниот живот во Југославија бил обележан со предмети кои денес се речиси заборавени, но тогаш биле незаменлив дел од секој дом.
Три такви икони на времето се динамото за велосипед, таписеријата на ѕид и фиксниот телефон со услуги кои денешните генерации тешко би ги замислиле.
Динамо за велосипед
Во ера кога автомобилот не бил достапен за секого, велосипедот бил главно превозно средство. За безбедно ноќно возење, динамото било задолжително. Се монтирало на тркалото и со помош на триење произведувало струја која ги палела светлата. Беше едноставен, но генијален изум.
Таписерија за ѕид
Во домовите ширум Југославија, таписеријата беше неизбежен декор. Од домашно изработени варијанти со чашки од јогурт до порафинирани везови, таа му даваше душа на секој ѕид. Често била рачна работа, симбол на труд, убавина и топлина.
Фиксен телефон со „услуга за будење“
Фиксниот телефон бил центарот на комуникација во секој дом. Но имал и една посебна функција – нарачување будење. Се јавувате, кажувате час и телефонот ѕвони дотогаш додека не ја кренете слушалката. Без апликации, но со прецизност што не се заборава.
Овие предмети денес будат носталгија, но и сведочат за едно поедноставно време кога малите нешта значеа сè.
Фото: Pinteres