Роденден како од цртан филм: Синот на водителката Јелена во друштво на омилениот детски јунак!

Добивај вести на Viber

Во домот на познатата македонска водителка Јелена Богојевиќ, лице на емисијата „Магазин“ што се емитува на Сител Телевизија, деновиве владееше празнична атмосфера. Поводот е повеќе од посебен – нејзиниот син Немања го прослави својот трет роденден, а забавата беше исполнета со смеа, шарени украси и детска енергија.

Темата на роденденската забава беше инспирирана од една од најомилените цртани серии кај децата – „Прасето Пепа“. Малиот славеник беше воодушевен од декорацијата, а друштво на забавата му правеа ликовите од серијата, особено омилениот Џорџ – помалиот брат на Пепа, кој ја краси и роденденската торта.

Тортата, украсена со пастелни бои, фигура од Џорџ и елементи од детскиот свет на Пепа. 

По повод роденденот, Јелена сподели фотографии од славеникот и тортата на социјалните мрежи, придружена со кратка, но емотивна порака. 

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Spasić (@jelena_bogojevic)

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г