Ако годинава нема летен одмор: 14 предлози за замена на летувањето

Добивај вести на Viber

Ако не сте дел од среќниците кои оваа година ќе можат да одат  на летен одмор, ви предлагаме неколку начини како да го направите вашето лето незаборавно.

Летото доаѓа, без разлика дали ви се допаѓа или не!

Пред само неколку денаофицијално влеговме во пролет, но летото е дефинитивно на хоризонтот. Како да се забавувате во лето,ако годинава нема да бидете во можност да одите на летување?

Без разлика дали сте ограничени поради обврски, финансии или затоа што сеуште ќе важи социјалното растојание, може да биде обесхрабрувачки ако не можете да го направите она што сакате да го направите во текот на топлите месеци. Сепак, има уште многу начини на кои можете да го направите вашето лето интересно и незаборавно, без разлика дали ќе морате да заминете од дома или не.


Направете си домашно кино во дворот

Летото е одлично од многу причини, а една од нив е дека сезоната е одлична за топли и мирни денови и ноќи. Еден начин како да ги искористите летните убави вечерни часови  е да си направите домашно кино во дворот!


Потребни ви се само неколку работи за да го направите тоа:

-проектор

-компјутер или уред што може да се поврзе со проекторот и што пренесува филмови преку  Wi-Fi врска

-празен ѕид или екран за да се прикаже филмот


Борба со балони со вода

Летото е познато по повисоките температури, особено во текот на денот. Неколку работи помагаат да се ублажат тие температури како водата. Ако можете, инвестирајте во што е можно повеќе балони со вода и држете ги при рака за децата. 


Со ваква борба, секој би сакал да се забавува!


Направете го вашиот дом своја летна дестинација

Ако летово нема а можете да патувате, односнод а одите некаде на летен одмор, тогаш инвестирајте во домот и направете го своја летна дестинација. 


Можете да купите интересни сламки со летни детали, украсете го домот со летни, живи бои, удобен мебел, оставаме на вашата имагинација и желба, направете го домот по свој вкус ваша летна дестинација.


Ваше време- домашна СПА

Летото поминато дома е исто така добар изговор за правење работи што обично би ги избегнувале. Јадете сладолед во кревет или појадок! 


Нарачајте спа маски преку Интернет и имајте домашна СПА. И, се разбира, никој не би се пожалил ако помине една вечер или две во долга топла бања со неколку добри книги.


Кампување дома

Кампувањето е омилена летна активност на семејството. Кога повеќето од нас мислат на кампување, замислуваме да бидеме во шумата некаде, среќни во природа. Па, ако не сте во можност да патувате во шума ова лето, сепак можете да го поставите шаторот во дворот и да имате прекрасно кампување дома! 


Поставете го шаторот, напрајте скара во дворот, пробајте да вметнете и дополнителни игри за децата, да бараат нешто или изучете ги растенијата околу вас.


Акции на друштвени игри

Ако планирате да останете дома со клима уредот ова лето, треба да размислите за акции на друштвени игри што целото семејство ќе ужива во нив. Пробајте во определено време до денот да играте карти, јамб, не лути се човече или монопол. 


Друштвените игри го собираат целото семејство на едно место.


Часови по уметност

Има толку многу одлични опции за учење како да бидете подобри во уметноста дома. Може да пребарувате на YouTube и да ги најдете сите видови на канали што нудат основни уметнички вештини бесплатно. Нема време како сегашното! 


Еве неколку канали што треба да се разгледаат:

- Dew Somehing!

- Artist’s Network

- Calligraphy from Natalie’s Outlet


Играјте игри во дворот!

Друга одлична опција што можете да ја направите без дури и да го напуштите вашиот дом е играње игри во дворот. Ако никогаш не сте научиле како да играте кошарка, сега е вистинско време.


Други игри во дворот:

- Одбојка или бадминтон

- Фудбал

- Гимнастика


Гответе и јадете надвор во дворот

Има нешто навистина забавно за готвење и јадење надвор без разлика каде се наоѓате. Ако имате простор, инвестирајте во апарати за готвење на отворено и уживајте со семејството во јадењето.


 Ќе бидете изненадени од тоа што се‘ можете да готвите на отворено.


Патувајте со помош на Интернет

Ако минувате многу време дома ова лето, сепак можете да с е почастите со витуелно патување. Со помош на Интернет и можеби документарен филм, вие и вашето семејство сè уште можете да научите многу за светот.


Google Maps може да ви помогне да виртуелно посетите нови локации и можете да го истражувате секое место пред да одите таму. За да ви биде дополнително забавно, охрабрете го секој член на вашето семејство да избере град или земја да патува на Интернет.


Научете како да направите своја компјутерска игра

Ако мислевте дека правењето компјутерски игри е само за програмери, размислете повторно! Можете да го користите PyGame за да научите како да направите свои игри.


Ова сепак вклучува малку дополнително знаење. Ќе сакате да научите како да пишувате програми на Пајтон. Ако сте запознаени со Пајтон, ова ќе ви помогне да разберете малку повеќе.


Направете си домашен театар

Ако сте подолг временски период дома со семејството, би било навистина забавно да научите како заедно да направите театарска продукција. Како да започнете, облек,а сцена, со материјали што ги имате дома и да започнете! 


Бидете сигурни дека сте го снимале за да можете да ја споделите вашата продукција преку Интернет со семејството и пријателите.


Започнете да пишувате писма

Пишувањето писма може да биде навистина пријатно, релаксирачко поминување на времето за луѓе од сите возрасти. Можете дури и да нарачате забавен канцелариски материјал преку Интернет! Можете да ги испраќате вашите писма до пријатели и семејство низ целиот свет. 


И кој знае? Можеби неколкумина ќе ви вратат и тие писмо.


Научете приказни и споделете ги едни со други

Јас многу сакам раскажување приказни, а особено сакам гласно да читам и споделувам приказни. Користејќи Интернет или книги што веќе може да ги имате, научете неколку добри приказни и потоа споделете ги едни со други . Истото може да го направите и со поезија и песни. 


Можеби е забавно да имате литературна ноќ во вашиот дом!