АКО ИМАТЕ ПРЕКИНИ ИЛИ ПОСЛАБ КВАЛИТЕТ НА СТРУЈАТА - жалете се и барајте надоместок на штета

Енергетските компании се подготвени за зимскиот период кој следува, производството на електрична енергија е стабилно, испораката е сигурна, а компаниите се соодветно екипирани согласно препораките од Министерството за здравство – ова е заклучокот од координативна средба што се одржала денеска на иницијатива на Регулаторната комисија за енергетика со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО и ЕВН.
„Изминатите месеци и во време на пандемија и вонредна состојба енергетските компании функционираа координирано и синхронизирано со што енергетскиот систем остана стабилен. Ова стекнато искуството е подготовка за зимскиот период кој следува. На состанокот ЕСМ информираше дека производството на електрична енергија е стабилно. ЕВН ја гарантира сигурноста на испорака на електрична енергија и брзо отклонување на дефектите“, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.