Ако ја имате оваа паричка, денес можете да ја замените за 10.000 евра! Еве каде можете да ја предадете со надомест

Паричка од 20 центи, на прв поглед сосема обична, може да биде вистинско богатство. Германските медиуми јавуваат дека колекционерите се подготвени да платат и до 10.000 евра за редок примерок, особено ако станува збор за кованица од 2002 година – првата година кога еврото влезе во оптек како готовина.
Колекционерите најчесто бараат италијански изданија. Некои такви парички веќе се нудат на онлајн аукции по цена од 8.000 евра. Сепак, експертите предупредуваат на претпазливост: високата цена не мора секогаш да биде оправдана.
Вредноста ја зголемуваат само специфични „штампарски грешки“ – поместен мотив, недостасувачки натпис, неправилно втиснување или материјален недостаток.
На задната страна на италијанските парички од 20 центи е претставена скулптурата на уметникот Умберто Бочони. Токму тука најчесто може да се забележат грешки кои ја зголемуваат вредноста.
Стручњаците нагласуваат дека самите траги од користење или оштетувања не се доволни за да се смета дека паричката има висока колекционерска цена. Потребно е внимателно набљудување и проверка од експерт, кој може да потврди дали понудата е реална и сериозна.
Затоа, пред да потрошите ситни пари без размислување, погледнете ги подобро. Можеби токму кај вас се наоѓа паричка која може да се продаде за мало богатство.
Извор / Freepik