Ако одите во манастирот во Тумане ќе го видите и ова „чудо“: Нема да ве пречека свештеник, туку човек од иднината!

Манастирот Тумане оди во чекор со времето, па на неговата официјална веб-страница ве пречекува четбот кој се вика – Туманко.
Можеби некои манастири се свртени кон минатото и резервирани во однос на современата технологија, но не и манастирот Тумане, познат по „чудата“ за кои се зборува.
Вештачкиот интелигентен асистент беше дочекан речиси како едно од нив, барем на социјалните мрежи.
U 2025 ćemo imati leteće automobile.
— Glomazić (@Tarzanija) September 1, 2025
2025: Manastir Tumane na sajtu ima četbota koji se zove TUMANKO pic.twitter.com/wjvvdQkV6f
Кога ќе влезете на сајтот на манастирот Тумане, се отвора „прозорец“ од кој насмеаниот Туманко ви посакува добредојде и ја нуди својата асистенција.
„Дали сакате да дознаете повеќе за историјата и светителите на манастирот? Да резервирате конак? Или да ги погледнете најновите вести и духовни содржини?“ – се опциите што ви ги нуди на почетокот.
Tumanko AI i Tumane Resort pic.twitter.com/DU2Nsg4uMB
— Željko Veljković (@novinarupenziji) September 1, 2025
Верниците сигурно имаат и други прашања, но благодарение на Туманко, за манастирот се зборува и на социјалните мрежи.
Некои веќе се обиделе да поразговараат со Туманко, други имаат критики на сметка на неговиот изглед, а има и такви кои биле заинтригирани од понудата.
Од коментарите на социјалните мрежи, може да се заклучи и дека со овој потег манастирот „Тумане“ кој стана и центар за голем број туристи од регионот, вклучително и од Македонија, сака да ги поштеди свештениците и црковните лица од директни средби со мноштво граѓани кои изобилуваат со разно-разни прашања, кои од сега посетителите ќе можат да ги добијат во иста единица време со бесконечниот потенцијал на чет ботот.
Фото извор: ЖМ Архива / Freepik (М.С.К)