Ако ве земаат здраво за готово и не ценат што правите: Постапете вака

Кој му се заблагодарува на сонцето што грее? Никој. Кој им се заблагодарува на белите дробови за дишењето? Или на кислородот поради фактот што ви овозможува да живеете? Дали некогаш сте собрале јаболка и сте му рекле на некое дрво: благодарам! - тешко
Зошто сте изненадени што другите ве користат и не ви се заблагодаруваат? Или, ви се заблагодаруваат со празни зборови и обични фрази, и не добивате ништо за тоа? Што се чудите? Вие сте таа јаболкница, таа енергија - сите ги трошат вашите ресурси, ги берат вашите плодови затоа што им дозволувате.
Ако вашата грижа и љбезност се девалвирирани, еве што да направите:
- Престанете да давате. Застанете некое време.
- Престанете да им служите на оние кои можат да се грижат за себе.
- Престанете да им давате леб на оние кои не се мачат да го набават.
- Престанете да давате јаболка бесплатно и поставете цена.
И само тогаш луѓето ќе сфатат колку е драгоцено она што сте го дале и што сте го направиле.
Ќе ви кажам со свој пример: Мајка ми се разболе и јас бев со неа една недела да се грижам за неа. За тие долги седум дена, мојот сопруг и нашите двајца тинејџери мораа да готват сами, да мијат садови, да чистат и да пеглаат, да одат во продавница, да го шетаат кучето итн ... Се покажа дека е тешко да се прави тоа секој ден. Се испостави дека се работи за некоја сериозна работа.
Ако ве експлоатираат на работа: земете непланиран одмор, исклучете го телефонот и исчезнете една недела.
Ако вашите роднини постојано позајмуваат пари од вас, испратете ги во банка. Нека земат заем и ќе разберат колку чини и колку е важно да го отплатите заемот на точниот ден.
Понекогаш најлесниот начин е да престанете да бидете сјајно сонце.
Луѓето кои ве ценат ќе ве ценат уште повеќе затоа што се почитувате себеси. Оние кои не ве ценат, ќе се одделат од вас како пијавици и ќе бараат ново дрво, ново сонце.
Толку е едноставно!
(Автор Ана Киријакова)
Фото: Shutterstock