Актерот имал четири деца: Со емотивна порака Милица Гутовиќ проговори за сестрата Невена за која јавноста не знаеше

Добивај вести на Viber

Актерот Милан Лане Гутовиќ во текот на својот живот во медиумите не изнесуваше работи од својот приватен живот. Најчесто сите детали ги криеше од јавноста и така живееше мирно надвор од сцената и објективите.

Така во медиумите остана запишано дека актерот од своите два брака имал три деца, балерината и актерка Милица Гутовиќ, Спасој и Јаков. Меѓутоа, таа информации не е целосна. Зад себе тој остави четири деца, а тоа го истакна и неговата најстара ќерка преку својот Фејсбук профил:

„Би сакала да напоменам и да ги замолам новинарите да ја поправат грешката која се поткраде, а која со денови се провлекува низ вестите. Мојот татко имаше четири деца! Јас имам и помлада сестра, Невена, која низ овие тешки моменти поминува со сите нас. Ви благодарам на разбирањето“ - напиша Милица.

За потсетување, актерот почина на 25 август, а беше погребан вчера.

фото: PRINTSCREEN/VODIČ ZA RODITELJE