Алиса Милано откри зошто ја прекинала бременоста двапати: Беше вистинскиот избор во тој момент

Добивај вести на Viber

Актерката Алиса Милано, во подкастот „Sorry not Sorry“ откри како во 1993 година, во нејзините рани дваесетти имала два абортуси.

Алиса тогаш имала 21 година и вели дека тогаш се заљубила за прв пат и тоа било голема работа за неа. Таа додава дека користела апчиња за контрацепција, но дека сепак останала бремена и не знаела што да прави.

„Беше ужасно, пораснав во католичко семејство и тука дојде и до судир со верата“, рече Алиса, додавајќи дека не била подготвена да стане мајка и дека нејзината кариера сè уште била на прво место.

„Тоа беше мој избор и беше исправно за мене. Јас навистина не сакав да го сторам тоа, но морав", рече 46-годишната Алиса. Актерката подоцна призна дека истата година повторно забременила и повторно ја донела истата одлука.

Алиса, без оглед што ќе кажат другите, додаде дека не жали за ниту една одлука, затоа што сега не би имала деца, кариера и никогаш не би била слободна како што е сега.

Сега е во среќен брак со Дејв Буглиари, од кого има две деца, седумгодишниот син Мила и четиригодишната ќерка Елизабет.

извор:glossy.espreso.rs