Актуелно // Insta вести
Андријана Јаневска има преубав повод за славење: Честитки пристигнаа од сите страни, ги дочека во Милано

Убав повод, јубилеен
Пејачката, виолинистка и професор на Факултетот за музичка уметност Андријана Јаневска, се пофали дека со сопругот Гино слават годишнина, односно јубилеј - 15 години откога се потпишале во матично.
Со фотка на која се тие двајца во убавиот град Милано, Јаневска напиша: „Јубилејна 15-ка со кромид“.
Од хармоничниот брак со музичарот, Андријана ги има синовите Димитар и Кристијан.
Поголемата разлика во годините (Гино е 14 години постар од Андријана) се покажала како предност во нивниот живот.
Инаку, семејството Јаневски, како што откри во една прилика Андријана слави две годишнини. едната кога се потпишале во матично (30 декември) и една кога направиле свадбена веселба (18 јуни).
Фото: Фејсбук