Анџелина Џоли и Бред Пит повторно заедно: Во жешка љубовна сцена ќе добијат вртоглава сума?

Добивај вести на Viber

На Анџелина Џоли и Бред Пит им е понудена неверојатна сума за да ги остават настрана разликите и да снимат нов филм. Продуцентот Дени Роснер тврди дека е сериозен за својата понуда и дека собрал околу 60 милиони долари (околу 57 милиони евра). Тој вели дека се надева дека оваа сума ќе биде доволна за поранешната двојка да ги закопа секирите.

Роснер го откри и заплетот на филмот во кој сака да глумат Анџелина и Бред. Станува збор за вистинска љубовна приказна од Втората светска војна сместена во хотелот Мартинез во Кан, Франција. Бред ќе го игра Емануел Мартинез, сопственик на хотелот, а Анџелина неговата љубовница и сопруга Ема Дигард.

„Има љубовна сцена... И навистина е бурно. Мартинез имаше жена, но и љубовник“, изјавил продуцентот.

Бред би заработил повеќе од Анџелина

Тој, исто така, откри дека нивната заработка нема да биде рамномерно распределена. Имено, според неговите зборови, Бред би заработил околу 37 милиони долари, а Анџелина околу 22 милиони.

„Се надевам дека ќе можеме да ставиме крај на огнот меѓу нив двајца и да го снимиме овој филм“, заклучил Роснер.

Со години се на суд

Спроведувањето на овој план нема да биде лесно бидејќи поранешните сопружници со години се борат за старателство над децата. Спор има и за лозјето Миравал во Франција. Нивниот раскол беше видлив во септември, кога организаторите на филмскиот фестивал во Венеција мораа да договорат прикажување на нивните филмови во различни денови.

„Анџелина ќе биде присутна првиот ден, а потоа ќе отпатува на филмскиот фестивал Telluride во Колорадо со режисерот на Марија, Пабло Ларејн. Бред доаѓа во Венеција во сабота. Нема шанси да им се вкрстат патиштата", рече тогаш Алберто Барбера уметнички директор.

Тие се заљубиле на снимањето на филм во 2005 година

Потсетуваме дека познатите актери се заљубиле во 2005 година на снимањето на филмот Господин и госпоѓа Смит. Тие отелотворуваа монотони сопружници кои се непријатно изненадени кога ќе дознаат дека и двајцата се платени убијци и дека тие самите се новите мети.

Фото: Инстаграм
Извор: Index.hr