Ангела Меркел објави дека ќе се вакцинирана со АстраЗенека: Германија за неколку дена одлучува за нов локдаун

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Драги во петокот изјавија дека имаат намера да се вакцинираат со вакцината АстраЗенека, бидејќи ЕМА на оваа вакцина и даде позитивна проценка, велејќи дека таа е „безбедна и ефикасна“.

Ангела Меркел рече дека е подготвена да ја прими вакцината АстраЗенека, иако нејзината употреба е суспендирана неколку дена поради сериозни нарушувања на коагулацијата на крвта кај некои вакцинирани лица, за кои нема докази дека е предизвикана од вакцината.

„Да, ќе се вакцинирам со вакцината АстраЗенека“, рече германската канцеларка на прес-конференција. „Ќе го чекам мојот ред, но дефинитивно ќе го сторам тоа“, истакна таа.

Петнаесет земји престанаа да ја користат вакцината заради несакани ефекти, но Европската агенција за лекови (ЕМА) во четвртокот соопшти дека е „безбедна и ефикасна“.Придобивките поврзани со оваа вакцина ги надминуваат ризиците, соопшти СЗО во петокот.

„Мотото е: вакцинирај, вакцинирај, вакцинирај!“, рече канцеларката, која беше критикувана за бавното темпо на кампањата за вакцинација во Германија, по состанокот со водачите на покраинските власти.

Исто така е подготвена и за руската вакцина

Ангела Меркел исто така рече дека е подготвена да нарача руска вакцина Спутник V за потребите на нејзината земја, доколку добие одобрение од ЕУ.

„Мислам дека секоја вакцина одобрена од Европската агенција за лекови треба да се користи во ЕУ“, рече таа, додавајќи дека во тој случај очекува заеднички налог на ЕУ за сите земји на блокот.

Но, „ако тоа не се случи (...), Германија треба да дејствува сама и ние ќе го сториме тоа“, додаде таа.


Фото: thelocal