Моден фокус // Трендови
Ангелот на Викторија Сикрет се породи: Кендис со своето второ синче! (Фото)
- 20 Јуни, 2018 14:38

Супермоделот Кендис Сванепоел денес потврди на Инстаграм дека родила уште еден син. Таа објави фотографија со малото момче на нејзиниот профил на Инстаграм и напиша дека се чувствува благословена.
Ова е нејзино второ дете со долгогодишен партнер Херман Николи, со кој веќе го има синот Анак, кој е роден во октомври 2016-та година. Името на новородениот син се уште не е откриено.