Астероид ќе помине вечерва: Во склад со пандемијата изгледа како да носи маска

Астероидот за кој се проценува дека е широк 1,2 милји, ќе лета преку Земјата вечерва, но не се очекува да се судри со нашата планета.
Астероидот е наречен 52768 (1998 OR2), а за прв пат бил забележан во 1998 година. На 29 април, ќе помине на 3.908.791 милји од Земјата, движејќи се на 19.461 милји на час. Тоа е 16 пати подалеку од растојанието помеѓу Земјата и Месечината.
Се очекува да се случи во 23:56 часот вечерва, според Центарот на НАСА за студии на објекти од близина на земјата.Тие го следат овој конкретен астероид веќе 20 години.
Можете да го следите во живо на веб-страницата на Виртуелен телескоп.
Ако се судри со Земјата, астероидот е „доволно голем за да предизвика глобални ефекти“, откри НАСА уште кога за прв пат бил откриен астероидот.
Интересно е тоа што се чини дека носи маска за лице во склад со пандемијата, според новите слики од опсерваторијата „Аречибо“ во Порто Рико.
Ен Вирки, шеф на планетарниот радар во опсерваторијата „Аресибо“, носи маска за лице со - радарска слика на астероидот 1998 OR2.
„Бидејќи сите размислуваме за Ковид-19, овие карактеристики прават да изгледа како 1998 OR2 да носи маска“- изјави Енн Вирки.
извор: CNN