Атиџе Муратова се онесвести на „Денови на македонскиот мед“: Лекари од Брза помош веднаш реагираа

Добивај вести на Viber

Медената ѕвезда Атиџе Муратова денеска во Скопје на улица „Македонија“ присуствува на отворањето на настанот „Денови на македонскиот мед“, во организација на пчеларското здружение „Матица“.

Имено за време на говорот на министерот за земјоделство Аријанит Хоџа и на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, последната одгледувачка на диви пчели на Балканот, изгуби свет и падна. Веднаш беше повикана Брза помош и во моментов лекарите ѝ ја даваат потребната нега.

На Саемот за мед се поставени штандови на кои се изложени пчелни производи од пчелари од цела Македонија, а посетителите можат да дегустираат мед и да се информираат за матичниот млеч, поленот и прополисот како здрава храна.