Ава Карабатиќ нема пари да го погреба татко си, моли за помош: „Изгубивме сè, немам ни покрив над главата“

По смртта на нејзиниот татко, Ава Карабатиќ јавно побара помош за да собере пари за транспорт на неговото тело во Сплит и за запокпот.
Таткото на Ава Карабатиќ, Ивица Карабатиќ, почина синоќа на 59-годишна возраст од последица на срцев удар во Белград, а лекарите се обиделе со реанимација 30 пати.
Растргната од болката поради загубата на родителот кој ѝ бил поддршка и потпора, Ава се огласи на социјалните мрежи. Карабатиќ не крие дека ѝ е тешко, дека е на лекови, но и дека се соочува со големи финансиски тешкотии.
„Не е тајна дека во последните месеци живееме во тешка ситуација - банкротиравме, го изгубивме станот во Сплит, останавме без дом, без безбедност, без поддршка. Во Белград најдовме привремено засолниште кај еден пријател кој великодушно ни ја отвори вратата од својот скромен стан. Сега сум сосема сама и болна. Немам повеќе семејство“, напиша Ава на Инстаграм, додавајќи:
„Имам голем предизвик пред мене - морам да го организирам транспортот на телото до Сплит и да ги покријам трошоците за транспорт и погреб. Не можам сама, а не знам што да правам, се чувствувам ужасно. Од вчера земам транквилизери бидејќи немам што друго да правам. Ако сакате да помогнете, ќе ви бидам многу благодарна. Секој гест, секое евро или порака за поддршка во ова тешко време значи повеќе отколку што можам да изразам со зборови. Ако чувствувате потреба да помогнете, испратете помош на сметката на мојот пријател, бидејќи банката ми ги блокира сите сметки“, апелираше Карабатиќ.
Да ве потсетиме, таткото на Ава Карабатиќ, Ивица Карабатиќ, долго време се бореше со срцеви проблеми, односно хронична кардиоваскуларна болест - срцева слабост. Поради оваа причина, во септември 2024 година, тој беше хоспитализиран во тешка состојба.
Фото: ИнстаграмИзвор: Informer.rs