„Авторите на книги за деца, државата помалку ги вреднува од оние за возрасни, роман за деца во книжарници е поевтин од роман за возрасни“: Разговор со Татјана Гогоска

Добивај вести на Viber

6. Каква е, според вас, функцијата на книгата денес? Дали таа е само забава и активност за слободното време или има и подлабока, општествена и воспитно-образовна улога?

-Книгите и читањето кај нас се се уште „помодарство“. Има редовна читателска публика, но има и онаа која е бројна а која чита, за да се каже дека чита. Книгата секако има голема улога во развојот и едукацијата на сите, и деца и возрасни. Од секоја книга можете нешто да осознаете, научите, потврдите или од нешто да се ослободите од некоја тешка емоција или може да најдете решение за некој ваш предизвик што ве мачи. Секоја книга содржи нешто, некоја порака.

Прочитав деновиве еден разговор меѓу дете и библиотекар. Детето го прашува зошто да чита, кога на многу книги не им ги помни насловите. Библиотекарот му одговара: „А дали кога ќе се сетиш на нешто, што си прочитал се јавува нешто во тебе“? Напластените доживувања сознанија и емоции, ве прават покомплетна личност. Не мора човек на се да се сеќава. Самиот ум и душа, ги селектира нештата кои му се потребни.

И дефинитивно, нема лош возрасен човек, кој од дете читал и се уште чита-според мене.

 8. Дали имате ритуали или навики кога пишувате – одредено време во денот, место или атмосфера без која не може да започнете со работа?

 -Јас пишувам споро, не сум автор писател кој е нон стоп активен. Јас многу размислувам за тоа што го пишувам, создавам слики, емоции, дијалози и може да се случи со месеци, да не напишам ништо а после, обично навечер кога сум сама, да седнам и сето тоа созреано во мене, да го напишам.

Јас многу го препрочитувам напишаното, се додека не ми здодее. Кога ќе ми здодее, тоа  е знак дека - тоа е тоа. Нема веќе што друго да се прави.

9. Кој момент од вашата досегашна писателска кариера го сметате за најемотивен или најзначаен?

-Се сеќавам првата книга, збирка раскази за деца „Насмеани очи“, кога ја зедов од печатница, таа возбуда не се заборава. И моментите, кога секоја книга ќе сум ја  зела од печатница, мирисот на свежо отпечатена  книга, кога ја држам во рака, се многу емотивни.

Деновиве го завршив мојот врот роман за возрасни, веќе погоре спомнав и кога ја пишував последната страница, во миг ми надојдоа прашања и емоции. Книгата ја почнав една ноемвриска дождлива вечер 2022 година, ја завршив пред неколку дена, една претопла августовска вечер. 

Романот е со наслов „Најдолгата дестинација “ и  во миг ми пројде мисла: Првиот роман е со наслов  „Патување кон зајдисонцето “, си мислам , сега повторно наслов со  патување. Зошто? Размислував деновиве. За мене,  дефинитивно животот е едно патување, кое некогаш е по убави коловози, некогаш по автопати, многу често по тесни патчиња, калливи сокачиња па дури и непроодни патеки со трње. 

Јас сум имала изобилство од сето тоа, во досегашниов живот. И сфатив дека насловите се моја емоција и мисла. Тоа сум јас.

10. Што би им порачале на младите автори кои штотуку започнуваат да пишуваат и сонуваат за својата прва книга?

-Би им порачала да пишуваат и колку да е тежок патот, да го остварат она што го сакаат. И да им е непознатица и да е несигурост, да го направат барем еднаш. А потоа, Божјите патишта, никој не ги знае. Нека им е со среќа на сите.

Разговорот го водеше: Магдалена Стојмановиќ 



Претходна страна