Балканска свадбата на векот: Зорица и Кемиш ги обновија заветите – Еве колку пари му дадоа на музичарот за помалку од една минута

Музичката легенда Зорица Брунцлик и истакнатиот поп-уметник Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш организираа гламурозна прослава по повод обновата на брачните завети и прославата на 40 години заеднички живот, љубов и брак.
Подготовките за гламурозната „прослава на вистинската љубов“ траеја три месеци, а најхармоничниот пар на сцената се потруди сè да биде на свое место, да ги задоволи своите потреби и сите гости да се чувствуваат добро и удобно и да уживаат. Најсреќниот пар одлучи дека Борко Радивојевиќ ќе биде задолжен за добрата атмосфера.
Судејќи според видеата што се шират на социјалните мрежи, Борко го направил својот дел повеќе од добро, бидејќи младенците го украсија со евра. Тие наредија банкноти на хармоника, и за само 40 секунди беа наредени околу 3.000 евра.
Да потсетиме дека пред да започне прославата, Борко за српски Курир изјавил дека е воодушевен и почестен што е избран да создаде расположение и добра атмосфера.
- Многу ми е чест што ме поканија. Го познавам младоженецот повеќе од 20 години, па затоа очекувам најголем бакшиш од него - рече Борко.
На прославата покрај блиски роднини и пријатели, присуствувале и блиски колеги на парот од естрадата.
Извор: Pink.rs