Бебето Мила спие во импровизиран кревет во село во Македонска Каменица: Ова семејство едвај преживува

Ерика има само 22 години, но животот ја научил да биде храбра и борбена. Родена во Штип во сиромашно семејство, таа и сопругот Здравко се запознале во училиштето каде учеле заедно. Веќе неколку години се во брак и живеат во услови кои на многумина би им изгледале невозможни. Нивниот дом е распадната куќа во село Дулица, Македонска Каменица, каде животот не е лесен. Но, тие не се предааваат.
Пред два месеца, нивната радост се зголемила кога добиле бебе - малата Мила. Мила спие на импровизиран кревет од душек ставен на цигли, а семејството живее од ниската пензија на свекорот, кој еднаш месечно се симнува во градот за да им купи храна. Но, не е доволно. Живеат во невообичаени и тешки услови, а најголемата загриженост е за здравјето на малата Мила. Стравуваат дека ако останат во Дулица, ќе го загрозат нејзиниот живот, бидејќи немаат начин да ја однесат до лекар ако се разболи.
Вашата помош може да значи многу за ова семејство. Ако сте во можност, бидете дел од нивниот пат кон подобар живот.
Заедничка кампања на #СрцеНадланка и ECrowd.mk за помош на семејството на Ерика, Здравко и бебето Мила.
Донирајте преку платформата @E Crowd.mk и помогнете уште едно дете да живее во нормални услови со родителите.
Погледнете ја приказната за ова семејство тука.