Бебето се бореше цел час, сакаше да ме помилува пред да замине: Софија за абортусот кој вчудоневидува

Добивај вести на Viber

Софија Кан (35) од Ланкашир, ја донесе најтешката одлука што постои - одлучила да ја прекине бременоста откако и било кажано дека нејзиниот син, кога го нарекувала Мухамед, страда од тешка форма на спина бифида, односно расцепен рбет. Исто така, и било кажано дека нема шанси детето да се роди живо, но и дека нема шанси абортусот да не успее.

- Се сеќавам дека чувствував како бебето се движи неколку часа откако ми беше инјектирана инекцијата, но бабицата ме увери дека тоа е невозможно. Никој не ми веруваше, никој не сакаше да ме слуша - рече таа во 2019 година

- Мајчинскиот инстинкт е непогрешлив и најмоќното оружје - предупредува Софија додека ја раскажува својата трауматична приказна.

Софија и нејзиниот сопруг Шакил го имаат синот Мустафа, и беа пресреќни во 2017 година кога таа повторно забремени.

Сепак, ултразвукот направен во 20 -тата недела покажа дека бебето страда од спина бифида, расцеп на 'рбетот. Софија се сеќава на секој момент од тоа сознание.

- Бев уништена, но исто така бев убедена дека ќе се снајдеме и дека ќе има операција што ќе му помогне. Меѓутоа, новиот ултразвук покажа дека нема зглобови на коленото или цереброспинална течност - вели Софија, додавајќи дека докторите и рекле дека „не виделе полош случај“ и дека е малку веројатно дека бебето воопшто ќе се роди живо. Со скршено срце, таа донесе одлука да абортира.

Така, во 25 -та недела од бременоста, во февруари 2018 година, Софија отиде во болница во Манчестер за да ја прекине бременоста. Абортусите по 24 -тата недела се дозволени само во екстремни случаи, како на пример со Софија.

Постапката за вакви комплицирани процедури обично трае околу три часа, и се изведува со инјекција што предизвикува запирање на срцето на детето, па мајката наскоро ќе започне со породување со цел да го исфрли мртвиот фетус.

Откако Софија ја примила инјекцијата, тие продолжиле да ја следат за да се уверат дека се сѐ одвива правилно.

- Лекарите направија два ултразвуци кои потврдија дека срцето на бебето повеќе не чука. Потоа ме префрлија во болница во Болтон за породување. Меѓутоа, додека чекав, чувствував дека бебето мрда во мене. Тоа и го кажав на сестрата, која ме увери дека тоа е невозможно. Ја замолив да го вклучи мониторот за да се увери, на што таа ми рече дека нема потреба од тоа - се сеќава Софија.

Десет часа подоцна, породувањето заврши и Софија го слушна бебето како плаче во шок.

- Мислев дека сум надвор од памет. Мислев дека си замислувам, бидејќи тоа е се што сакав, за моето бебе да преживее. Акушерката исто така беше во целосен шок и почна да вреска и да повикува помош, трчајќи со бебето во раце низ ходникот. Се вратија со бебето и ме прашаа: "Што сакаш да правиме со него?" Немав поим за што зборуваат. Го зедов во раце и го милував. Имаше огромна дупка во 'рбетот и беше во исклучително тешка состојба, но се бореше за живот цел час. Не можам а да не помислам дека бил решен да ја помази мајка си пред да замине - вели Софија.

Во јули 2018 година, имаше голема истрага за случајот на Софија, што ја шокираше нацијата. Неонаталниот консултант, д -р Диникар Сесадри, кој цело време го следеше случајот, изјави дека родителите, со оглед на огромните тешкотии со кои се родило бебето, донеле вистинска одлука. Сепак, случајот на Софија предизвика голема промена во британското здравство. Упатствата што сега ги имаат лекарите се такви што мора да го слушаат пациентот кој е убеден дека може да ги чуе отчукувањата на срцето на детето по абортусот, се со цел да не се повтори таков трагичен случај како оној на Софија.

Софија вели дека е пресреќна поради тоа и дека го смета за наговестување на Мухамед.

- Болницата ми испрати сочувство, но не конкретно извинување. Ми рекоа само дека ова е сериозна несреќа што се случува многу ретко и дека во иднина на жените ќе им биде потенцирано дека постапката не е нужно 100 проценти ефикасна - заклучува Софија.


Извор: објектив.рс