Беше најубавата суперманекенка, денес има 52 години и изгледа неверојатно: Не остарила ниту еден ден

Добивај вести на Viber

Познатата данска манекенка Хелена Кристенсен, која жареше и палеше на модните писти и светот на манекенството во 90-тите години, пред неколку месеци го прослави својот 52-ри роденден, но стареењето не ја спречува да го прослави својот сексапил и да ужива во своето тело и младост.

Оваа дама која старее исто како виното - со годините е се‘ поубава и харизматична, неодамна објави серија фотографии во свилена долна облека, на кои се гледа нејзиното витко, затегнато тело.

Хелена позираше во провокативна, лелејава блуза од сатен, а манекенката ги откри не само нејзините гради, туку и нејзините еластични, долги нозе. Кој би помислил дека веќе зачекорила во 6-та деценија!


Познатата убавица, која порано беше еден од ангелите на Викторија, позираше и во предизвикувачки градник, а овие секси фотографии предизвикаа експлозија на ентузијазам. На Инстаграм - собра скоро 40.000 лајкови и бројни комплименти. 


„Поубава од кога било“, „Гориш“, „Класична убавина“, „Неверојатна си“, „Волшебно“,„Толку си забавна и ме инспирираш“, „Леле , каква жена “,„ Не старееш, само ја покажуваш својата светлина“,  се само некои од низата слични коментари.

Таа вели дека младоликоста ја должи на едноставен „трик“, а тоа е доволно квалитетен сон. Исто така, таа ја одржува својата виткост преку јога и пливање, и ги советува жените да почнат да вежбаат и дека никогаш не е доцна за редовно тренирање – и таа самата започнала со активен тренингна 30-годишна возраст.


Таа исто така рече дека стекнала самодоверба и слобода уште во раното детство, додека растела во Данска, и дека тоа е делумно дел од нејзиниот успех.

„воспитувањето во Данска дефинитивно ми даде чувство на самодоверба, научив како природно да му пристапам на сопственото тело. Данците не кријат ништо, така што никогаш не сум имала проблеми да ја покажам убавината на женското тело, животворното тело, тело што е чудо само по себе. Јас го гледам од уметничка гледна точка. А што се однесува до мојот стил на облекување - го носам она што ме прави среќна, а што другите ќе кажат за мојата гардероба - искрено, ме заболе“, рече таа минатата година во едно интервју.


Фото: Инстаграм

Moжеби ќе ве интересира:

Не користам креми за лице, ниту одам на козметичар: Вики Среброва за тајната на младешкиот изглед