„Без тие тетоважи, ќе беше чиста десетка, вака ...“: Жените откриваат кои се најлошите „комплименти“ што ги добиле од мажи
Комплиментите се одлични. Тие не чинат ништо, некои прават
да се чувствуваме подобро, а
некои дури и ни ја зголемуваат
самодовербата - во секој случај, можеме да ги делиме почесто. Сепак, понекогаш треба да размислиме двапати пред да
го кажеме тоа.
Жените на Балканот ги споделија најнеуспешните „комплименти“ што ги добиле. Или, всушност, најшармантните навреди.
„Премногу си симпатична за да бидеш сама. Мора да си луда", се сеѓќава Нина на последниот необичен комплимент што го доби, а дали е комплимент ако некој е "луд" - сигурно не.
Сара има потемна боја на кожа, а комплиментите што ги добива за тоа и не се баш некои комплименти.
„Ти си убава црнка“. „Зошто не можам да бидам само убава жена? Зошто треба да ја коментираат мојата боја на кожа“, вели Сара.
Ања се сети на една сцена од кафулето кога маж и дал малку погрешен коментар.
„„Го имаш тој магичен блесок на бремена жена“, а јас воопшто не бев бремена “, вели Ања.
Не е паметно секогаш да го кажуваш своето мислење, а Моника се согласува со тоа.
„„Без тие тетоважи, ќе беше чиста десетка, вака ...“, не го прашав за мислење, подобро беше само да молчеше“, вели Моника.
Дури и споредбите понекогаш не се најсилните комплименти:
„Свекрвата на сестра ми ми рече дека конечно сум убава како сестра ми. Не знам што требаше да одговорам", рече Анѓелија.
А, овој комплимент може да биде победнички:
„Изгледаш добро за твојата возраст“. „Тоа не се вели на жена, не се кажува на никого", вели Снежана.
Кој е невкусниот комплимент што сте го добиле?
Фото: freepik