Биле заљубени во средно, повторно се сретнаа после 40 години: Кармата секогаш поврзува сродни души
Понекогаш патиштата се разминуваат, ние не сме доволно храбри да ги отвориме нашите срца, а Универзумот знае кога е вистинското време за нешто. Секоја средба со сродна душа е различна, но има и случаи кога на прв поглед две души не се препознаваат, но секогаш, на крајот, тие се враќаат една во друга токму кога е вистинското време.
Бил и Кристофер Грегори се заљубиле во далечната 1971 година, но тие не кажале ниту збор за тоа, додека не се сретнале повторно по 40 години.
Тие пораснале во малиот град Седар Гроув,Њу Џерси, каде што сите ги познавале, и двајцата заедно оделе во исто училиште.
"Тој секогаш беше добро момче на училиште. Тој беше слаб, висок и имаше црвена коса. Ми се допадна".
Во тоа време, девојчињата не ги прашуваа момчињата за состанок, а Кристофер мислеше дека таа не е привлечна за Бил. Од друга страна, Бил истакнува дека била паметна, убава и привлечна и дека многумина биле вљубени во неа. Мислел дека таа не го сака, па немал храброст да го направи првиот чекор.
Годините минувале а нивните патишта се разминувале. Тие останале во контакт, но таа се омажила а тој се оженил. Имале деца, живееле со своите партнери во различни градови, но, како што истакнуваат, тие никогаш не се заборавиле.
Бил се разведе, а Кристофер го прекина бракот со нејзиниот сопруг. По неколку години, Бил се помислил за Кристофер и одлучил да ја побара и да каже сѐ што немал храброст како млад човек да направи. Ја знаел нејзината адреса затоа што секоја година и праќал божиќна честитка. Чекал во автомобилот пред куќата а зборовите започнаа сами да се кажуваат. Си ги признале чувствата еден на друг и тогаш љубовта оживеала.
„Знаев сите овие години дека тој е соодветен за мене, но животот имаше други планови“, истакнува Кристофер.
„Се срамевме да си признаеме нешто еден на друг, а можеби и не беше вистинското време. Но, јас верувам во карма и дека тогаш не бевме предодредени, а сега имаме можност да уживаме заедно до крајот на животот.“
Извор/Фото: mondo.rs