Билка „црвено злато“ што носи и здравје и заработка до 750.000 денари по хектар

Добивај вести на Viber

Глогот, познат како една од најстарите лековити билки во Европа, сè повеќе го привлекува вниманието на земјоделците и инвеститорите во Македонија. Овој листопаден жбун или ниско дрво успева во умерена климатска зона, а неговата отпорност и минималните барања за одржување го прават одлична инвестиција за домашното земјоделство.

Цената на една садница се движи од 100 до 200 денари, а на еден хектар може да се засадат од 3.000 до 4.000 растенија. Плодовите почнуваат да се берат по 3 до 4 години, а полн род достигнуваат веќе по петтата година. Просечно се добиваат од 3 до 5 тони по хектар, а цената на свежиот или сув плод на пазарот изнесува од 75 до 150 денари за килограм. Тоа значи дека годишниот приход може да достигне и до 750.000 денари по хектар, кога плантажата е во полна родност.

Покрај фармацевтската и хербалната индустрија, која од глогот произведува чаеви, тинктури, капсули и сирупи, оваа билка има и практична примена во земјоделството – како природна заштита на посеви и за формирање живи огради.

Глогот не е познат само по економската корист. Во народната традиција тој се сметал за силно оружје против „вампири и демони“, а според верувањата, глоговиот колец бил единствениот начин да се „убие“ вампир. Денес, наместо во митови, глогот сè повеќе наоѓа место во модерните агро-плантажи како вистински „црвенo злато“ за земјоделците.


РЖМ/ИС - ФОТО: AI