Бисерниот ѓердан на Кејт Мидлтон е подарок од кралицата: Пред неа го носеше принцезата Дајана

Добивај вести на Viber

Фото: POOL

Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, беа меѓу првите кои оддадоа почит на погребот на принцот Филип. Војвотката од Кембриџ ја покажа блискоста со кралското семејство со скапи бисери

Кејт со својот ѓердан покажа колку е близу до кралицата Елизабета и покојниот Филип. Имено, таа носеше јапонски бисерен ѓердан со дијамантски приврзок што го доби како подарок од кралицата од нејзината приватна колекција.

Ѓерданот, на барање на кралицата, бил направен од четири нишки фини бисери што ги добила како подарок од јапонската влада. Има голем дијамантски затворач во средината.

Кејт го носеше овој ѓердан порано на прославата на 70-годишнината од бракот на кралицата и принцот Филип. Сепак, Кејт не беше првата на која кралицата и го подари овој скапоцен ѓердан.

View this post on Instagram

A post shared by Couture Business (@couturebusiness)


Овој бисерен ѓердан и припаѓаше на покојната принцеза Дајана. Лејси Ди отсекогаш обожувала бисери, така што овој подарок ја израдувал особено во тоа време. Тоа беше исто така еден од првите подароци што ги доби откако се омажи за принцот Чарлс и со тоа стана член на кралското семејство.

Покрај ѓерданот, Кејт на погребот носеше и скап црн фустан на Роланд Мурет со асиметрично деколте и машна. Лицето го покри со мрежест превез на шапката и црна маска.

Кејт се приклучи на кралското семејство во 2011 година откако се омажи за принцот Вилијам. Нејзиниот сопруг тогаш рече дека му е мило што Кејт може да го запознае неговиот дедо, принцот Филип, со кого наскоро станала многу блиска.


Можеби ќе ве интересира:

Откриена тајната на најинтригантното кралско пријателство: Што ѝ пишувал принцот Филип на Дајана во писмата?