Благодарение на Бога сме добро, но овде работите излегоа од контрола: Исповеди од Италија

Во Италија забрзано се шири коронавирусот, но меѓу Италијанците има поделени мислења за тоа дали има шанси да се заразат или не.
Во многу маркети рафтовите останаа празни, откако граѓаните навалија да купуваат. Ваква беше сликата во Милано, но и во други градови. Во светот, коронавирусот се прошири во многу земји.
„Точно е дека има страв, сите се исплашени. Јас и моето семејство сме добри, но луѓето се плашат од коронавирусот. Во еден миг како сѐ да застана. Благодарение на Бога сме добро, но овде работите на владата ѝ излегоа од контрола“, вели Кристина Корцето, Италијанка која живее во Фиренца.
Дарио Скампители, од градот Милацо, раскажа дека тој не се плаши, иако мнозинството граѓани се загрижени за своето здравје.
Сите исповеди на Фактор.мк