Благодарение на оваа диета пејачката се преполови: Како изгледа менито на Ана Николиќ?
Ако сакате да ослабнете на здрав начин, само испочитувајте ги овие правила...
Пејачката Ана Николиќ, како што се зборува, успеала да ослабне повеќе од 50 килограми. Во интервјуто за „Блиц“, таа откри како ја регулирала својата килажа и како изгледа нејзината диета.
Ана наведе како изгледаат 7 дена со здрава исхрана, која таа ја практикува.
„Мојата тајна како ослабнав. Нешто најважно е внесувањето на течности. Имам совја утринска рутина. Што ќе станам пијам 2 чаши вода. Некогаш со лимон, а некогаш без.
Потоа следува мојот појадок, тоа често се пржени јајца со домат или некој друг зеленчук. Некогаш можеби и само свежа салата или овесни снегулки. За време на ручекот јадам бело месо или риба со варен зеленчук. Ги исфрлив јаглехидратите (белото брашно), внесот на калории го држат од 1000 до 1200.
Од благото се откажав. Од месо јадам само риба. Доколку ми падне шеќерот тогаш јадам една лажица нутела и замислувам дека сум изела цела тегла. Намалувањето на вишокот килограми е прашање на психа“ - кажа Ана и додаде:
„Човек мора цврсто да се одлучи дали нешто сака да промени и со самото тоа ќе успее. Првиот еден месец е тешко, но се навикнуваш. Со помош на апчињата за слабеење не чувствував глад и немав потреба да вечерам. Доколку сум гладна, во доцните часови јадам зеленчук. Морков, краставица или само зелена салата. Колку помалку солено толку подобро. Пијам од 2 до 3 литри вода на ден, а некогаш и 4.
МЕНИ:
Појадок:
2 јајца на око со еден домат;
јогурт со овесни снегулки и 1 овошје;
јаболко и една рака ореви;
кајсија/вишна со јогурт.
Ручек:
супа од брокула;
пржени пиперки со ориз;
лосос спанаќ;
печурки со кромид и бело месо;
зелена салата со туна/шкампи;
зелје со риба.
Вечера:
јогурт или некое овошје.
На сето ова, пејачката и вежбала.