Бог ми даде многу дарови, но не и да се омажам: Актерката Тања Бошковиќ, најискрено проговори за својот приватен живот
-Еднаш кога го запросив еден од моите момчиња, тој ме одби, велејќи дека сум омажена за театарот и да не се ни обидувам да се омажам. Добро го разбрав што сака да ми каже и извлеков поука од тоа - призна актерката.
И покрај долгата и многу успешна актерска кариера, на српската актерка Тања Бошковиќ ѝ недостасуваат некои работи во животот за целосно да се почувствува дека е комплетна, како што вели - немала среќа во љубовта.
- Порано страдав многу затоа што момчињата ме напуштаа брзо, без објаснување. Мислев дека сум здодевна и најлоша на светот бидјеќи никој не ме сакаше. А всушност, тие не ме сакаа како што јас очекував: безусловно и до крајот на животот - објасни актерката.
- Имам мало искуство во партнерската љубов. Јас сум навистина заљубена во театарот. Еднаш когаго запросив еден од моите момци, тој ме одби, велејќи дека сум во брак со театарот и да не се ни обидувам да се омажам. Добро го разбрав што сака да ми каже и извлеков поука од тоа. Не се ни замарав многу со тоа - рече 65-годишната актерка во интервјуто.
- Жал ми е што не се омажив. Едноставно, Бог не ми го даде тој подарок, ми даде други дарови. Бескрајно сум благодарна за тоа. Но да се омажам не можев - искрена беше Тања.
Актерката од врската со режисерот Дејан Караклајиќ има син Ѓорѓе и ќерка Лана.
извор:najzena.rs