Болката и огорченоста прикажани низ документарец: „Кочани – прекинатата младост“ ВИДЕО

„Кочани – прекинатата младост“ гласи документарецот кој го направи Хрватската радио-телевизија и го емитуваше синоќа.
Емисијата посветена на трагедијата која го покоси Кочани, а го рани в срце цел балкан преку директни сведоштва и лични раскази, ја прикажа болката и огорченоста на граѓаните, кои ја анализираат трагедијата и нејзините причини.
Во документарецот, соговорниците во прво лице го изнесуваат својот став за одговорноста, при што главната критика е насочена кон сите досегашни власти и функционери кои, според нив, дозволиле создавање на нефункционален и корумпиран систем. Но, виновници што сме го дозволиле ова, сме и сите ние, велат дел од сведоците. Емисијата заврши со најтажната народна песна: