Божјо чудо: Пожарот на островот Евија го заобиколи манастирот Св.Давид каде што монасите одбиваа да се евакуираат (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Светилиштата на Евија беа спасени од целосно уништување во последен момент.

Веќе осми ден трае пеколот на островот Евија во Грција, а пожарникарите се борат да го спречат ширењето на огнот, да не допре во близина на градот каде живеат илијадници жители.

Во близина на античка Олимпија, во регионот Пелопонез, неколку села беа евакуирани. Во исто време, крајбрежната стража евакуираше околу 90 луѓе на Евија, кои останаа заробени на плажата во близина на село на северот на островот, објави „Катимерини“. Голем дел од шумата е изгорен.

Но се случи големо Божјо чудо, во Евија, ветерот во последен момент го смени правецот, и го спаси манастирот Свети Давид.

Дали со помош на чудо, молитви кон Бога, пожарникари, среќа или нешто друго, огнот го заобиколи манастирот, пламените јазици не зафатија ниту еден објект! Возила паркирани на влезот, трева и дрвја беа изгорени, но ниту една просторија од манастирот не беше оштетена.

Огнот се приближи веднаш до светилиштето, монасите веќе ги отстранија моштите и иконите, тројца монаси останаа во манастирот со членовите на противпожарната бригада, кои исекоа неколку дрвја долж периметарот за да спречат ширење на огнот. Потоа, во последен момент, ветерот го смени правецот и манастирот се спаси, со минимална штета.


- Добро сме - беа првите зборови на монасите, кои буквално во последен момент видоа дека манастирот е спасен од пламенот, а кои инаку предоа рекоа дека одбиваат да се евакуираат од манастирот.


извор:pink.rs / novosti.rs