Го сакав 14 години, а го оставив за 15 минути: Емина Јаховиќ се присети на разводот

Добивај вести на Viber

Српската пејачка Емина Јаховиќ прозборе за моментите како згаснал бракот помеѓу неа и турскиот пајч Мустафа Сандал, со кој беше во љубов 14 години, а во брак 10.

„Тоа не беше ни малку лесно искуство, а денот кога ставивме крај на бракот вечно ќе го паметам. Отидовме на суд и за 15 минути ставивме точка на нешто кое траело 14 години. Се разделивме цивилизирано. Мустафа и јас се трудиме да имаме нормален однос, поради децата“, раскажа пејачката за српските медиуми.

Емина и Мустафа спогодбено се договориле и за старателството над синовите, деветгодишниот Јаман и шестгодишниот Јавуз. Децата останаа со мајката. Сѐ додека биде сама, Емина добива месечна надокнада од 3.000 евра, а ако повторно се омажи ќе загуби право на неа.