БРАВО: Студентка шие заштитни маски за глуви и неми

Добивај вести на Viber

На глобално ниво се соочуваме со недостаток на заштитни маски за борба против коронавирусот, па многумина се решија да ги направат дома, а една студентка отиде еден чекор подалеку.

Иако лекарите советуваат да носите маски само ако имате симптоми, многумина сепак ги носат за да се заштитат кога ги напуштаат домовите. Но, една студентка забележа дека заштитните маски не се наменети за пациенти со оштетен слух.

Пациентите со оштетен слух честопати се потпираат на читање од усни, што е невозможно кога луѓето ги покриваат устите. Затоа Ешли Лоренц (21) реши да направи маски што ќе овозможат читање од усните.

Со малку напор таа создаде заштитна маска со мал „прозорец“ што им овозможува на пациентите со оштетен слух да ги видат усните на нивниот соговорник.

Кога Ешли, студентка која работи со глуви пациенти во Кентаки, го сподели својот дизајн на Фејсбук, многумина беа воодушевени.


Поради недостаток на маски, сите почнаа да прават свои, па си помислив зошто да  не се обидам “, напиша Ешли.

Нејзиниот план беше да ги донира овие маски бесплатно, но поради големата побарувачка, таа мораше да го промени работниот план. Таа реши да ги научи луѓето како да ја направат оваа маска дома со упатства.