Букет на неделата: Цветен сон во контрасни тонови

Добивај вести на Viber

Оваа раскошна и елегантна цветна игра, носи во себе љубовна порака, која безпоговорно ќе ѝ го разубави денот. 

Белата роза секогаш ја игра улогата на чиста и искрена љубов, а лилаковата, или пурпурната овој пат дава еден кралски, еден волшебен и таинствен тон на оваа цветна креација. Оваа боја се смета за кралска боја. Египетската кралица Клеопатра, била вљубена во оваа боја. Лилаковите наметки се симбол за авторитет и позиција. Изразот „лилаков говор“ е симбол за префинет говор. „Лилакова проза“ е пишување полно со грандиозни книжевни ефекти и украси. Леонардо де Винчи верувал дека моќта на медитацијата се зголемува дури десет пати, кога се случува под лилаково светло, а Ричард Вагнер ги компонирал своите опери во соба обоена во лилакови тонови, бојата на неговата инспирација. Обојте го и вие вашиот ден во лилаково и бидете своја, или нејзина инспирација. 

Дојдете во Цветна галерија „Сончевина“, или порачајте онлајн нашата фб страница. Имајте цветни мисли и убав ден.