Букет на неделата: Раскош во убава вазна среде семејната софра

Добивај вести на Viber

Замислете ја оваа цветна раскош во убава вазна среде семејната софра. Букетот од црвени рози во комбинација со кое било цвеќе го оплеменува и разубавува секој амбиент. Во исто време ќе добиете и страст и отменост и елеганција....

Овој убавец, кој што се извива над целата оваа цветна бајка се вика Орнитогалум. Во народот е познат како „птичје млеко“. Доаѓа од Азија и Северна Африка. Постојат повеќе од 130 видови на Орнитогалум. Цветот му е како грозд, кој, кога ќе расцвета отвора безброј преубави мали цветчиња. Можат да бидат портокалови, жолти и бели.

Белите се сметаат за најелегантни. Потсетуваат на сончева ѕвезда. Тоа е третото име на Орнитогалумот. Подарете Орнитогалум и пратете сончево-звездена порака полна со љубов...

Појдете во Цветна галерија Сончевина, или порачајте он-лине на нивната фб страница.

Имајте цветни мисли и убава работна недела.