Царовска и МОН со апел до наставниците: Почитувајте ги мерките и надвор од училиштата

Добивај вести на Viber

Поради пандемијата со коронавирус, наставата во училиштата се одвива дел со физичко присуство на учениците, дел со онлајн настава но наставниците и професорите часови држат од училниците.

Токму затоа по строги протоколи се одвива наставата и по двата начини.

Поради зголемениот број на новодијагностицирани лица со ковид-19, министерката за образование и наука Мила Цароцвска и ресорното министерство апелираат до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и потенцираат одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста.

Според МОН протоколите за заштита од заразата коишто се спроведуваат во училиштата докажано функционираат, доколу сите се придржуваат на пропишаните мерките за заштита. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата.

Министерството за образование и наука, заедно со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ги презема сите мерки, препораки, протоколи, алгоритми и укажуваме на целосно нивно почитување од страна на наставниците, учениците и родителите.