Цеца е единствена во светот, друштво ѝ прават само Мадона и Лејди Гага : Со ова, ги затвори устите на сите

Добивај вести на Viber

Обожавателите на делото на Лејди Гага направија листа на најпосетени женски концерти, каде меѓу првите се најдоа и концертите на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ.

На социјалната мрежа X, фан-страницата на Лејди Гага објави листа на концерти кои ќе се паметат долго време. Светската ѕвезда дефинитивно е рекордер по посети, па оваа година на концертот во Рио де Жанеиро собра неверојатни 2,1 милиони луѓе кои дојдоа да уживаат во нејзините хитови.


Според оваа листа, следна е Мадона, која во 2024 година имала 1,6 милиони обожаватели кои уживале во нејзиниот концерт на истото место како и Лејди Гага.

По неа следува Тина Тарнер со 180.000 продадени билети, а веднаш по неа на листата е Цеца Ражнатовиќ, која во 2013 година создаде спектакл за 150.500 луѓе на Ушќе, како што е наведено на оваа листа.